Рафал Надал доминантно ја освои титулата во Акапулко, во финалето го победи Камерон Нори со 2-0 по сетови (6:4, 6:4). Британецот успеа да пружи отпор само еден час и 55 минути, Шпанецот потврди дека ја почна сезоната од соништата.
Тој го обори рекордот, врза 15 победи во низа, имаше 12 во 2014 година. Сега успеа да освои три титули во низа, во Мелбурн славеше на воведниот турнир, па го освои Австралија опен пред Акапулко.
Pure 🔥
This pass from @RafaelNadal 😲#AMT2022 pic.twitter.com/bUY4wJVF85
— Tennis TV (@TennisTV) February 27, 2022
На патот до финалето не изгуби ниту еден сет, дури го декласираше и Данил Медведев во полуфиналето.
За Надал ова 91 титула во кариерата, четврта во Акапулко и максимално е подготвен за Индијан Велс, каде ќе ја нападне 37 Мастерс титула и ќе има шанса да се изедначи со Новак Ѓоковиќ, кој постана рекордер во Париз со 37 пехар.