По вчерашното комплетирање на Супер-лигата, познат е распоредот за дуелите во плеј-офот, каде Вардар 1961 ќе пренесе максимални пет бода. Актуелниот првак има бод предност пред директниот конкурент за титулата, Е.Пелистер.
Овие два тима ќе се сретнат во второто коло во плеј-офот, Вардар е домаќин, а мечот ќе се одигра на 26. или 27. март. Реваншот ќе се игра во Битола и тој ќе ги реши сите дилеми. Овој меч ќе биде во рамките на 7. коло, се игра на крајот на април или првиот ден од мај.
Во првото коло од плеј-офот, Вардар е домаќин на Охрид, Е.Пелистер игра против Тиквеш во Битола, и вториот тим на Е.Пелистер е домаќин, но против Бутел Скопје.
Табела плеј-оф: Вардар 5, Е.Пелистер 4, Е.Пеистер (2) 3, Бутел Скопје 2, Тиквеш 1, Охрид 0.
Табела пелј-аут: Пролет 5, Струга 4, Прилеп 3, Металург, Скопје 1, Радовиш 0.