Маурицио Покетино во овој момент го води тимот на ПСЖ, а според најавите на негово место ова лето ќе дојде Зинедин Зидан.
Аргентинецот ќе тргне во нова авантура. За него е заинтересиран Манчестер Јунајтед, но се чини дека негова желба е Шпанија, каде од 2009 до 2012 година го водеше Еспањол.
Реал Мадрид исто така можеби ќе тргне по нов тренер, според пишувањата во Шпанија, раководството на клубот подготвува отказ за Карло Анчелоти на крајот на сезоната и да му испрати понуда на Покетино.
Во меѓувреме, Јунајтед го сака Покетино, но Аргентинецот неофицијално е неодлучен, чека повик од Реал за да се застане на чело на лидерот во Ла Лига. Доколку ова се случи, Јунајтед ќе тргне по Ерик тег Хаг од Ајакс.