Членот на одборот на Химик и потпретседател на руската фудбалска федерација, Сергеј Анохин ги коментираше информациите дека Полска не сака да игра плеј-оф против Русија за пласман на СП 2022.
Овие двете репрезентации треба да се сретнат во Москва во март, но полската федерација одлучи дека нема да игра против оваа земја поради војната со Украина, потенцирајќи дека нема да го менуваат ставот, дури и да бидат елиминирани од страна на ФИФА.
„Мислам дека Полјаците се плашат од нас. Ова не е спортски принцип. Фудбалот е надвор од политиката. Сите се плашат од русија, дури и полските фудбалери“, порача потпретседателот.
По ставот на Полска, ист став завзема и Шведска. Победникот од Русија и Полска во финалето ќе игра против подобриот од дуелот од Шведска и Чешка.