Струмица немилосрдна, Борец победнички кај Лирија

218

Одбојкарите на Струмица и натаму немилосрдно го полнат своето бодовно конто во домашното првенство. Во рамките на 2. коло од Втората фаза на плеј-офот, струмичани ја прегазија Шкендија со максимални 3:0, максимално убедливо во секој од трите сета.

Второто дерби во колото се игра утре меѓу Универзитет во Тетово и Вардар, додека Лирија на домашен терен не успеа да го запре Борец.

Во плеј-аут зоната, максимални победи остварија Јанта Волеј и Штип.

ПРВА ЛИГА (М) – Втора фаза (ПЛЕЈ-ОФ) – 2. Коло

Лирија – Борец               1:3 (24:26, 25:18, 22:25, 24:26)

Струмица 47&72 – Шкендија    3:0 (25:9, 25:14, 25:17)

Универзитет во Тетово – Вардар (понеделник 18.00 ч.)

ПРВА ЛИГА (М) – Втора фаза (ПЛЕЈ-АУТ) – 2. Коло

Македонија Џио – Јанта Волеј         0:3 (19:25, 23:25, 20:25)

УГД Штип – Весна Пробиштип          3:0 (25:23, 25:20, 26:24)

фото: ОК Струмица 47&72 Facebook

ПретходноНуфер победи во Кран Монтана, Влхова се израмни со Шифрин
СледноПМФЛ: Шампионот „зариба“, Шкупи победнички, романтично е Скопје, мајсторија на Шабани!