ФИФА одби да ја исклучи Русија од плеј-офот за СП

287

ФИФА излезе со соопштение околу тоа дали треба Русија да биде исфрлена од плеј-офот за пласман на СП во Катар. Федерациите на Полска, Шведска и Чешка одбија да играат со Русија во плејофот додека не биде запрена војната во Украина.

Две од овие три репрезентации ќе играат со Русија во плеј-офот за Мундијалот идниот месец. Но ФИФА излезе со соопштение дека исфрлувањето на Русија од меѓународните натпревари нема да ги реши проблемите.

Но затоа ФИФА ќе донесе казна за Русија и тоа руската фудбалска репрезентација домашните натпревари ќе ги игра на неутрален терен. Кога репрезентацијата ќе игра нема да се интонира руската химна ниту ќе се вее знамето. Притоа членовите на руската делегација ќе учествуваат под името „фудбалска унија на Русија“, а не под името „Русија“.

Фифа соопшти дека ќе продолжи да разговара со Швеѓаните, Полјаците и Чесите за одигрување на натпреварите со Русија во плеј-офот.

Од Полска веќе го нарекоа овој предлог „неприфатлив“.

ПретходноИ официјално: Вардар нема да патува во Белорусија!
СледноГрузија за Македонија е класа, овој наш тим чека да “стаса“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)