Јончевски: Честитки до момците за борбеноста, ова не е најдобрата Македонија!

273

Александар Јончевски ја превзема клупата на Македонија за двата дуели со Грузија во првата квалификациска фаза за пласман на Светското првенство 2023 година, откако Драган Бајиќ доби позитивен тест пред заминувањето во Тбилиси. Македонскиот стратег не успеа да запише победа на ниту една од двете средби, шансите постоеја, но противникот искусно го приведе дуелот, покажа дека за победа потребно е повеќе игра, отколку избразани шутеви за три поени.

„Заслужена победа на Грузија, иако оваа средба можевме да ја завршиме поинаку, имавме свои моменти. Сакам да им честитам на момците за борбата и енергијата на двата меча. Не го контролиравме скокот, добро одговоравме на играта на Грузија, но во последните моменти имаа повеќе расположени играчи кои можат да го завршат мечот во нивна корист.

Имавме добри моменти, имавме отворени шутеви и лесни поени поени под кошевите, кои не ги реализиравме. Ова не е најдоброто од Македонија, не можам да кажам дека играчите не го дадоа мскимумот. Некои од нив за првпат во овој тим. Имавме само шест поени од клупата, но и за тоа не можам да замера. Можеше да бидеме подобри на оваа средба“, изјави Јончевски по дуелот.

Македонија е последна во својата група, со четири порази во исто толку одиграни натпревари. Во последниот прозорец од овој дел од квалификациите игра против Шпанија на гости и Украина на домашен терен.

ПретходноСелекторот на Грузија со порака: Не е коректно во 2022 година да има војна!
СледноДимитријевиќ по поразот од Грузија: Погодија важни шутеви во клучните моменти