Бабиќ: Татабања заслужува респект!

163

Жељко Бабиќ и неговите момци се на добар пат да дојдат до првото место на табелата. Патот е отворен, Е.Пелистер гостува на Татабања, според случувањата од првата средба меѓу овие две екипи и со фактот дека лидерот Ним игра против Кадетен, нема да биде изненадување ако македонскиот клуб биде лидер веќе утре.

Тренерот на битолчани потенцира дека мора да останат на исто ниво, задоволен е од своите момци, кои покажаа карактер оваа средба.

„Како што кажавме и претходно моите ракометари покажаа карактер, одлична тимска игра, силна дефанзива и ментална цврстина. Одигравме перфектен натпревар против Кадетен Шафхаузен и ги покажавме нашите и индивидуални и тимски вредности. Ништо не е готово, уште сè е отворено. Имаме уште две кола, а математички уште не го обезбедивме ни осминафиналето. Така да мораме да останеме фокусирани, ментално цврсти, да размислуваме секој за своите задачи и да го потврдиме тоа што нè краси – тимската игра. Имав искуства и претходно и за жал губевме натпревари кога споредувавме што било претходно. Ова е нов натпревар. Во Битола бевме во налет, во позитивна серија и одигравме многу добро. Сега имаме доста проблеми и никој не смее да размислува во тој правец дека тоа ќе биде ист натпревар. Татабања е одличен и подвижен тим. Имаат технички добри ракометари кои играат „еден на еден“, а имаат и одличен тренер. Точно е дека немаат шанси за осминафинале, но имаа проблеми во клубот и затоа се малку подолу на табелата. Сепак, заслужуваат респект и ни следи баш европски натпревар“, изјави Бабиќ. 

ПретходноКостески: Нашата цел е врвот, зошто да не се обидеме!
СледноПрволигашки фудбал во Охрид: Има ли сила Пелистер да им се спротивстави на силните “гипсари“?