Екипата на Вардар со убедливи 3:0 го совлада Универзитет Тетово во дербито на колото од одбојкарскиот шампионат на Македонија. Првиот сет „црвено-црните“ го добија со 25:19, вториот сет беше нешто понеизвесен, тетовската екипа поведе со 6:1 но сепак скопскиот тим ги презеде работите во свои раце и го доби со 25:22. Во последниот Вардарци славеа со 25:15 и со тоа го добија и мечот.
За Вардар ова е втора победа во низа во втората фаза, прво ја победи Шкендија па сега и Универзитет.
Прва лига (мажи), Втора фаза-1 (2.коло) Струмица 47&72 – Шкендија 3:0 (25:9, 25:14, 25:17) Лирија – ГОК Борец 1:3 (24:26, 25:18, 22:25, 24:26)
ТАБЕЛА:Струмица (12-0), Вардар (8-4) Универзитет во Тетово (8-3), Шкендија (8-4), ГОК Борец (7-5), Лирија (6-6)