И официјално Ѓоковиќ падна од тронот после 756 дена!

205

Новак Ѓоковиќ повеќе не е број еден на АТП-листата, ова место и официјално од денеска му припаша на Данил Медведев. Рускиот тенисер има 8.615 бодови, додека Србинот 8.465.

На третото место се наоѓа Зверев со 7.515 бодови, додека пак Надал е зад него со 6.515 бодови.

Ѓоковиќ на лидерското место би требало да се врати на 13. март, со оглед на тоа дека Медведев нема да игра во Марсеј, ќе изгуби бодови, ова ќе биде шанса за Ноле да се врати.

АТП листата претрпе промени по 20. јануари 2020 година. Ѓоковиќ врвот го изгуби откако беше елиминиран во Дубаи, а претходно не настапи на Австралија опен.

ПретходноПреку ноќ се распадна еден од најмоќните тимови во Европа
СледноКостески: Нашата цел е врвот, зошто да не се обидеме!