ОФИЦИЈАЛНО: ФИФА и УЕФА ги исфрлија руските клубови и репрезентацијата од сите натпреварувања!

301

Како што беше најавено, сега е и официјално. Имено ФИФА во 18.30 часот се огласи со официјално соопштение во кое стои дека ФИФА и УЕФА на заеднички состанок одлучиле да ги суспендираат руските клубови и репрезентацијата на оваа земја од сите фудбалски натпреварувања. Односно ги исфрлија од сите натпреварувања.

Ова значи за почеток дека Спартак Москва е исфрлен од 1/8 финалето во Лигата на Европа а репрезентацијата нема да го види Мундијалот во Катар, односно нема да може да игра во баражите за пласман на СП.

ПретходноФОТО НА КОЛОТО: На Шкупи никој ништо не му може!
Следно„Дерби дела Мадонина“, сепак, без Ибра?