Охрид и официјално се жали на судењето на саботното градско дерби! (ВИДЕО)

954

И официјално, преку својот официјален ФБ, ФК Охрид реагираше и се жали на судењето на саботниот меч со Воска Спорт. На тоа градско дерби Воска победи со голот на Изаир Емини од пенал во 93.минута.

Според луѓето од Охрид тие биле во неколку наврати оштетени од судиските грешки, барем според нивните видувања. Напоменуваат барем три ситуации во кои делителите на правдата го оштетиле нивниот тим.

Во првиот случај досуден непостоечки офсајд, потоа имало играње со рака во казнетиот простор на Воска а третиот случај е пеналот во 93.минута.

ПретходноВоска Спорт сега е во потера по Силекс, сака директен пласман во ПМФЛ!
СледноСавевски прозиваше пред двомечот со Словенија