Серија А го „откачи“ Манчини, Италија нема да има плус денови за подготовки за дуелот со Македонија!

214

И официјално раководството на Серија А го одби предлогот или барањето на селекторот на „аѕурите“ Роберто Манчини за одложување на колото кое е закажано за 19/20 март. Имено Фудбалската федерација на Италија бараше одложување со цел репрезентацијата да има повеќе денови за подготовки за бараж дуелот со Македонија кој е закажан за 24 март.

Официјално Серија А го потврди својот календар дека ќе има коло на 19/20 март. Ова значи дека и селекцијата на Италија исто како и Македонија ќе има само четири дена за подготовка за бараж мечот кој се игра на 24 март.

ПретходноПретставници на ФФМ ги посетија стадионите во Палермо и Порто!
СледноФИФА ќе ја исфрли Русија од сите фудбалски натпреварувања!