Пикерот на Металург Андреј Митиќ оди на позајмица во тимот на Скопје, и тоа до крајот на сезоната. Раководството на клубот од Автокоманда одлучи Митиќ да го ослободи па така тој до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Скопје.
Колку за потсетување Металург досега ги ослободи Милан Лазаревски, Костадин Петров и Халил Озтурк, како и веќе споменатиот Андреј Митиќ.
Металург е во тешка ситуација, клубот е под суспензија, па така со нетрпение се очекува што ќе се случи со Металург во следните неколку денови.