Германскиот второлигаш Шалке на нашиот репрезентативец Дарко Чурлинов на официјалната веб-страница објави предвремен раскин на договорот со својот спонзор – руската енергетска компанија „Гаспром“.
„Управниот одбор на ФК Шалке 04, со одобрение на Надзорниот одбор, одлучи да го раскине партнерството со Гаспром пред предвиденото. Извршниот одбор и Надзорниот одбор се во преговори со претставници на актуелниот главен спонзор и дополнителни информации ќе бидат објавени во догледно време“, се вели во соопштението на клубот.
Газпром е спонзор на германскиот тим од 2007 година. Денеска од клубот го тргнаа логото на Гаспром од дресовите.