Аталанта ја разби Сампдорија, Копмејнерс со два гола го прослави роденденот (видео)

180

Екипата на Аталанта ја совлада Сампдорија со 4:0 во последниот меч од 27. коло во италијанската Серија А. Два гола постигна холандскиот интернационалец Теун Копмејнерс кој воедно го прослави и 27 роденден.

По еднаш во мрежата стрелаа Марко Пашалиќ и украинскиот репрезентативец Алексеј Миранчук. Миранчук инаку асистираше за еден од головите за својата екипа.

Аталанта е на петтото место на табелата со 47 бодови, три повеќе од четвртиот Јувентус. Сампдорија е 15-та.

 

ПретходноЛидс го соопшти името на новиот тренер
СледноРусија со остра реакција на одлуката на ФИФА и УЕФА