„Бомба“ од Кисела Вода: Боби Митев е нов тренер на Ангели!

1476

Ангели во продолжение на сезоната во Првата лига добива искусно, би рекле бомбастично тренерско име. После седум години во мак-шампионат се враќа Боби Митев, кој ќе се обиде да му помогне на дебитантот успешно да „исплива“ во прволигашкото друштво и да созададе база на играчи. Со Митев, тимот од Кисела Вода покажа дека има сериозни амбиции, неговото место не е случајно меѓу најдобрите во мак-елитата.

Митев доаѓа на местото на Горан Ѓорѓиевски, младиот тренер после три и пол години се раздели со тимот на Ангели.

„По завршувањето на соработката со Ѓорѓиевски наша главна цел беше да го донесеме Боби Митев на клупата на нашиот тим. Голема чест и задоволство  е што ја прифати нашата понуда. После долги преговори, успеавме да се договориме, тој ќе остане до крајот на сезоната.

Една од неколкуте цели да се „украде“ некоја победа пред плеј-аут лигата. Втората цел е создавање на млада екипа која би ги наследила постоечките играчки кадри, поточно создавање на база на кошаркари родени 2005/06 и 2007 годиште. Митев ќе работи и индивидуално со младите и преспективни и талентирани кошаркари“, ни изјави првиот човек на Ангели, Благоја Кечовски. 

Искусниот стратег последен пат го водеше Кожув во 2015 година, но не остана цела сезона. Во својата кариера долго време работеше надвор како помошник на Сашо Филиповски. Партизан беше последниот клуб, кој македонскиот тандем го предводеше.

Покрај Кожув, Митев беше асистент и прв тренер на МЗТ Скопје, беше дел од Карпош Соколи, а од 2001 до 2003 година го водеше женскиот тим на Компрад.

Ангели е на последното место на табелата во Првата лига со две победи и 13 порази, свето деби на клупата на тимот од Кисела Вода, Митев ќе го има против ТФТ овој викенд.

ПретходноПрволигашки фудбал во Охрид: Има ли сила Пелистер да им се спротивстави на силните “гипсари“?
СледноФИФА е во големи проблеми: СП во Катар под знак прашалник поради Русија?