Играч на Шахтјор: Ви благодарам г-дине Чеферин што ме извлековте од Украина

729

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин лично им помогнал на повеќето фудбалери на Шахтјор Доњецк и на Динамо Киев да избегаат од Украина. Ова го откри напаѓачот на Шахтјор Жуниор Мораеш. Тој бил во групата од 42 луѓе, меѓу кои фудбалери со своите фамилии кои се упатија кон Романија.

Со помош на УЕФА Мораеш и колегите биле однесени од Киев до границата со Молдавија, а од таму во фудбалската база на ФС на Молдавија во Кишињев. Потоа со автобус биле однесени во Романија поточно во Букурешт.

Сакам лично да му се заблагодарам на Чеферин кој се организираше и успеа да не извлече од Киев. Неколку денови ми се јавуваше, ми праќаше пораки, обидувајќи се да најде безбеден пат до некоја од соседните држави. Затоа ви благодарам господине Чеферин“, изјави Мораеш.

Не можам да опишам низ што се поминав и што видов во изминатите четири дена. Не очекував да живеам во воена зона. Најтешкото од се е што се обидувавме да останеме 70 луѓе во иста просторија без светло. Луѓе паничеа, се плашеа, тие се под голем стрес. Тоа беше најтешкиот момент од мојот живот“, додаде Бразилецот.

 

ПретходноРуина и гадотија – на овој стадион ќе го играме баражот за СП! (видео)
СледноВардар славеше убедливо во дербито со Универзитет Тетово