Костески: Нашата цел е врвот, зошто да не се обидеме!

179

Е.Пелистер по триумфот над Кадетен на домашен терен во Европската лига, продолжува со битката за подобра позиција пред почетокот на нокаут фазата. Единствениот македонски претставник во ова натпреварување по киксот на Ним, има шанса да дојде и до врвот.

Прва задача која избраниците на Жељко Бабиќ треба да ја исполнат е да слават на гостувањето кај Татабња, дуел кој е закажан утре со почетокот во 18:45 часот. На првата средба битолчани славеа со убедливи 33-20, но тоа не значи дека ќе бидат опуштени.

Ниту во таборот на Е.Пелистер не кријат дека нивната цел сега е врвот на табелата, зад лидерот Ним заостануваат на еден бод.

„За разлика од претходните сезони, оваа е доста поуспешна и на добар пат сме да бидеме уште подобри: На добар пат сме, се подготвуваме, ги анализираме следните противници и во добра серија сме. Ме радува тоа што одиме во нагорна линија и имаме шанси за првото место во групата. Сега тоа прво место ни е цел. Зошто да не се обидеме, ако можеме да го обезбедиме. Се подготвуваме за Татабања, веќе ги анализираме и можам да кажам дека се работи за сериозна екипа, иако не обезбедија пласман во следната фаза на ЕХФ Лига Европа. Не смееме никако да ги потцениме, тие се екипа која трча и која има добри индивидуалци кои играат „еден на еден“. Ни останаа уште неколку дена да се подготвиме, но ве уверувам дека ќе играме на победа. Имавме корона-проблеми, ростерот ни беше скратен и некои натпревари ги одигравме со помала ротација. Се чувствува замор, но ќе заборавиме на него, еве се враќаат неколку ракометари кои ни недостигаа на претходните натпревари и ќе имаме поголем ростер за ротација против Татабања“, изјави Ненад Костески.

ПретходноИ официјално Ѓоковиќ падна од тронот после 756 дена!
СледноБабиќ: Татабања заслужува респект!