Лидс го соопшти името на новиот тренер

338

Англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед има нов менаџер. На местото на Марсело Биелса доаѓа американскиот стручњак Џеси Марш, кој е поранешен репрезентативец на САД, а до минатата година го предводеше австрискиот РБ Лајпциг. Тој ја доби задачата да го извлече тимот од дното и да ги подобри резултатите.

„Задоволни сме што Џеси прифати да биде наш тренер и нетрпеливи сме да напишеме нова страница од историјата со него. Џеси добро работеше во Салцбург и веруваме дека филозофијата и стилот на игра ќе им „легне “ на нашите играчи“, соопштија од Лидс.

Марш ја освои титулата со Салцбург, а во Лајпциг го замени Јулијан Нагелсман но го предводеше германскиот тим на 21 натпревар по што обострано ја прекинаа соработката во декември.

ПретходноСите носеа маички „запрете ја војната“ само еден не, а објасни и зошто
СледноАталанта ја разби Сампдорија, Копмејнерс со два гола го прослави роденденот (видео)