Ѕвездата на Барселона Гави може да го напушти клубот, објави весникот „Марка“. Според мадридското издание, агентот на играчот бил забележан во канцеларијата на Реал Мадрид минатата недела.
Затоа медиумите пишуваат дека 17-годишниот Шпанец најверојатно нема да го продолжи договорот со каталонскиот клуб. Договорот на плејмејкерот истекува на 30 јуни 2023 година.
Шпанецот оваа сезона за Барселона на 31 натпревар постигна два гола и направи четири асистенции. Неговата проценета вредност на 40 милиони евра.