Мурињо својата Рома ја гледаше во автобус (ФОТО)

653

Жое Мурињо поради навреда на судијата за време на дуелот со Верона доби суспензија од два меча. Португалскиот стручњак не можеое да ја води Рома на мечот со Специја, кој му припадна на неговиот тим со минимално 1-0.

Португалецот не смееше да биде на клупата, а се чини ниту сакаше да биде на трибините. Па токму затоа одлучи целиот натпревар да го проследи од клупскиот автобус, заедно со директорот Тиаго Пинто, кој исто така е суспендиран.

Оваа ситуација потсети на 2005 година кога Мурињо како тренер на Челзи пред дуелот со Баерн во Лигата на шампиони се криел во корпата за дресови.

ПретходноИбрахимовиќ: Нема да се пензионирам додека не освојам трофеј со Милан
СледноНиту Стеф Кари не можеше да му парира на Дончиќ, нов срам за Лејкерси (ВИДЕО)