Полувреме во Охрид: Здравевски донесе водство за Пелистер, Ренова преку Таипи израмни на 1:1!

442

Резултатот е 1:1 по првото полувреме на мечот меѓу Пелистер и Ренова, последен од 21.коло во ПМФЛ кој попладнево се игра во Охрид. Стрелец за водство на „домашните“ беше Бобан Здравевски во 15.минута кога по една контра на битолчани прво кикс направи Абдула, за да потоа Здравевски убаво реагираше и од нешто оддесно максимално прецизно шутираше во мрежата на “гипсарите“.

Ремова израмни во 45.минута кога Тапи со гол со глава успеа да постигне убав гол.

Гостите ја имаа иницијативата, имаа и шанси, посебно онаа на Селмани во раната фаза од мечот, но на пауза се замина со тие 1:1.

ПретходноУЕФА ќе го исклучи Спартак (М) од плеј-офот во Лигата на Европа?!
СледноВоска Спорт сега е во потера по Силекс, сака директен пласман во ПМФЛ!