Прволигашки фудбал во Охрид: Има ли сила Пелистер да им се спротивстави на силните “гипсари“?

201

Денеска во Охрид, со почеток во 14 часот на стадионот “Билјанини Извори“ прволигашки фудбал. Пелистер ја дочекува Ренова, меч кој требаше да се игра вчера во Битола, но поради снегот истиот беше одложен и презакажан за денеска. Со овој меч завршува и 21.коло во ПМФЛ.

Главното прашање е дали Пелистер има сила достојно да им се спротивстави на силните “гипсари“. Нема никакви дилеми околу тоа кој е фаворит, кој би требало да ги однесе бодовите од Охрид, дали тие ќе одат во Тетово или во Битола.

May be an image of 13 people, people playing football, people standing and outdoors

Сепак треба да се знае дека првите два пролетни меча битолчани ги губеа во финишот. И Работнички и Тиквеш славеа против Пелистер со голови дадени во последните минути, така да на Ренова и покрај фаворитската улога секако дека нема да и биде нималку лесно.

Пелистер е во серија од 20 меча во ПМФЛ без победа, 5 ремија и 15 порази, Ренова пак по триумфот во Штип, дома беше шокирана од Македонија ЃП, па денеска ќе сака да се “вади“.

Во секој случај не очекува интересна фудбалска битка а Охриѓани по подоло време ќе можат да проследат прволигашки фудбал.

ПретходноБабиќ: Татабања заслужува респект!
Следно„Бомба“ од Кисела Вода: Боби Митев е нов тренер на Ангели!