Нападот на Русија врз Украина почна да менува многу работи во светот на спортот. Покрај тоа што се одложуваат бројни натпревари, почнаа да се распаѓаат и клубови од Русија.
Прв е гигантот ЦСКА Москва. На овој тим му се случи егзодус, по Грузиецот Торнике Шенгелија, бродот го напушти Германецот Јоханес Фојтман, како и Данецот Ифе Лундберг и Литванецот Мариус Григонис кои преку социјалните мрежи соопштија дека си одат.
„Постапките на играчите претставуваат прекршување на договорот и клупскиот правилник, но клубот има разбирање за ставот на секој од играчите. За нивниот статус ќе биде одлучено по политичката и спортската стабилизација во Европа“, велат од ЦСКА по најновата разврска.
Евролига за четврток го закажа дуелот меѓу ЦСКА и Реал кој ќе се одигра на неутрален терен, но со оглед на тоа дека сите аеродроми се затворени, патот на „домаќинот“ ќе биде вистинска одисеја, прашање е дали истиот ќе се одигра.
Hello everyone. Due to the current complex situation in which we find ourselves, today I have returned to my country, Denmark, to safeguard the safety of my family. Hoping everything returns to normal as soon as possible. #SayNoToWar pic.twitter.com/W0kpwLNmdf
— Gabriel Ifeanyi Lundberg (@IffeLundberg) February 27, 2022