Како што и беше најавено од страна на нашата Фудбалска федерација, претставници на ФФМ, за детален увид, ги посетија стадионите во Палермо „Ренцо Барбера“ и во Порто “Драгао“
Имено познато е дека Македонија на 24 март ќе го одигра полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП во Катар 2022 на гости кај Италија и тоа во Палермо. Во случај на триумф би можеле во финалниот меч од плеј – офот да играме со Португалија во Порто.
Како што информираат од ФФМ, во најбрзо можно време се очекува официјална информација за распределбата на билети за натпреварот против Италија на 24. март, а исто така се следат промените во ограничувањата за влез во Италија поради епидемиолошката состојба поврзана со Ковид-19.