Украина побарала од сопственикот на Челзи, Роман Абрамович да помогне во преговорите со Русија.
Сопственикот на Челзи најверојатно е вклучен во мировните преговори меѓу Русија и Украина. Состанокот на делегациите се одржува во Белорусија, недалеку од украинската граница на брегот на реката Припјат.
Според израелски извори, 55-годишниот руски милијардер, кој има блиски врски со еврејските заедници на Украина и Русија, е во Белорусија на барање на украинските власти за да помогне во преговорите.
Оваа информација ја потврди продуцентот Александар Родњански, кој се повика на разговор со Абрамович.
„Украинците се обидоа да најдат некој во Русија кој би можел да помогне да се најде мирно решение. Тие побараа помош, а Роман е тој што реши да помогне во решавањето на проблемот по мирен пат“, рече Родњански, роден во Киев, за кој се вели дека е во близок контакт со украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот персонал.