На 24 март ќе се одигра мечот меѓу Италија и Македонија во полуфиналето од баражот за Мундијалот во Катар. Натпреварот е закажан на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо кој на неполн месец од дуелот е во катастрофална состојба.
Италијанците покажаа видео за лошите услови во тоалетите под главната трибина на стадионот на Палермо. Руина и гадотија, стадион на кој не треба ни да се помисли да се одигра нормален натпревар, а не пак важен како бараж за СП.
Италијанците кои се актуелни светски шампиони можеа да одберат и многу подобро.
Инаку на овој стадион се играа натпревари од групната фаза на СП 1990. Токму тогаш за потребите на Мундијалот последен пат е реновиран.
Извор: IlovePalermo