Рускиот фудбалски сојуз остро реагираше на одлуката на ФИФА и УЕФА да ги исфрли тимовите од меѓународните натпреварувања. Раководителите на рускиот фудбал го нарекоа решението „дискриминирачко“.
Причината за забраните е воениот конфликт меѓу Украина и Русија.
„Рускиот фудбалски сојуз не се согласува со одлуката на ФИФА и УЕФА да ги отстранат сите руски екипи од учество во меѓународните натпревари на неопределено време. Сметаме дека тоа решение се противи на нормите и принципите на меѓународните натпреварувања, како и спортскиот дух.
Решението е дискриминирачко и се однесува на голем број на спортисти, тренери, клубови и национални тимови, и најважното на милиони руски и странски навивачи, чии интереси мора да ги штитат меѓународните спортски организации. Ваквите практики ја делат светската спортска заедница, која отсекогаш се придржувала до принципите на еднаквост, меѓусебно почитување и независност од политиката. Го задржуваме правото да ја оспориме одлуката на ФИФА и УЕФА во согласност со нормите на меѓународното спортско право“, напишаа од РФС.
ФИФА ја исфрли и Русија од плеј-офот за пласман на СП 2022 иако првично објави дека нема да го направи тоа, што значи дека и Спартак Москва нема да игра во осминафиналето на Лигата на Европа.