Савевски прозиваше пред двомечот со Словенија

176

Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска го одработи првиот собир пред двомечот со Словенија во рамките на ЕХФ Евро Купот.

Селекторот Љубомир Савевски за оваа пресметка смета на 20 ракометарки. Од првичниот список отпадна Марија Штериова, која е повредена.

На списокот ракометарки за дуелите со Словенките ја нема и голманката Марија Јовановска поради болест. Со оглед на интернационалните обврски, на денешниот прв собир не се појавија и „Французинките“ Мицевска и Гичевска.

Првиот натпревар меѓу Македонија и Словенија се игра во Целје на 3 март, а реваншот во Скопје е закажан за 6 март.

ПретходноОхрид и официјално се жали на судењето на саботното градско дерби! (ВИДЕО)
СледноРеми во Охрид: Пелистер без победа по 21-ви пат во серија, но и Ренова не победи!