Во изминатите три дена се одиграа шесте натпревари од 21.коло, последниот се одигра денеска во Охрид. Шкупи го победи Тиквеш со 3:2, а централна фигура беше Куевен, стрелец на еден гол, интернационалецот од Бразил, кој според нас е играч на колото. Покрај него од таборот на Шкупи е и Адетунџи кој постигна два гола.
Македонија ЃП ја победи Брегалница, а одлични беа стрелците Попзлатанов и Стојкоски, како и дефанзивецот Мишевски. А. Пандев одигра квалитетно на гости кај Шкендија, квалитетно одиграа Митровски, голманот Јовановски и Манев. Шабани постигна ефектен победнички гол за Струга ТЛ, Максимов исто стрелаше за победа на Работнички. Драгарски беше еден од оние кои му донесоа бод на Пелистер против Ренова.
ИГРАЧ НА КОЛО
Куевен да Силва Иначио
Тим: Шкупи
Роден: 21.11. 1998 во Бразил
Кариера: Мирасол, Гуарулхос (Бразил), Керкира (Грција), Маринга, Монте Азул (Бразил), Шкупи.