УЕФА доцна попладнево објави дека покрај исклучувањето на руските клубови во европските натпреварувања и репрезентација на таа земја, донесена е одлука да се раскине договорот со рускиот гигант “ГАЗПРОМ“.
Ова значи дека од денеска па натаму на мечевите под покровителство на УЕФА, како Лигата на Шампионите на пример нема да се рекламира досегашниот и долгодишен партнер и спонзор на УЕФА.
Одлуката на сила стапува значи веднаш.