УЕФА ќе го исклучи Спартак (М) од плеј-офот во Лигата на Европа?!

116

Спартак Москва може да биде исклучен од плејофот во Лига Европа. Веста ја објави германскиот весник „Билд“ повикувајќи се на извори во германскиот бундеслигаш Лајпциг кој е противник на московјани во оваа рунда.

Претходно, УЕФА одлучи руските и украинските клубови и тимови домашните натпревари на евро-турнирите да ги играат на неутрален терен. Според најавата од Москва, Спартак предложил со Германците да игра во Баку.

Сепак, „Билд“ тврди дека натпреварите закажани за 10 и 17 март нема да се одиграат. Тоа значи дека избраниците на тренерот Доменико Тедеско автоматски ќе се пласираат во четвртфиналето на турнирот.

„Ние сме во близок контакт со фудбалските сојузи и имаме целосна доверба во УЕФА и нивната одлука. Очекуваме средбите да бидат откажани“, рекол генералниот директор на Лајпциг, Оливер Минцлаф.

ПретходноМихајло Арсоски од Феникс е ново засилување за Кожув
СледноПолувреме во Охрид: Здравевски донесе водство за Пелистер, Ренова преку Таипи израмни на 1:1!