ФИФА е во големи проблеми: СП во Катар под знак прашалник поради Русија?

878

Војната меѓу Русија и Украина дефинитивно на своја кожа ќе ја почувствува и спортот, во незгодна ситуација се најде и ФИФА.

Полска, Шведска и Чешка одбиваат да играат против Русија во март во бараж мечевите за пласман на Светското првенство во Катар. ФИФА не ја исклучи „зборнајата“ целосно. Доколку трите горенаведени земји не играат против оваа репрезентација, Русија би можела директно да се пласира во Мундијалот.

ФИФА на Русите им дозволи да играат на неутрален терен по името „фудбалска федерација на Русија“, но без интонирање на химната, истакнување на знамето и навивачи.

Па притисокот е префрлен на останатите три селекции. Но прашање кое се поставува е дали има земја која во овој момент сака да игра против Русија на СП и какви би биле последиците?

Европската унија веќе ги спроведе санкциите против Владимир Путин. Добро нејзини членки се Германија, Данска, Шпанија, Франција, Хрватска, Белгија и Холандија, кои веќе се пласираа на СП 2022, а нивната власт ја блокираше целосно Русија.

Засега впечатокот е дека има повеќе земји кои не би играле против Русија.

Притисокот е голем врз првиот човек, Џани Инфантино и останатите во раководството на светската куѓа на фудбалот. Вистина е дека не е лесно да се затвори вратата на една Русија, поточно нејзината репрезентација.

Останува да видиме како ќе се развива целата ситуација…

Претходно„Бомба“ од Кисела Вода: Боби Митев е нов тренер на Ангели!
СледноОФИЦИЈАЛНО: Буфон го продолжи договорот со Парма до 2024 година!