Во последниот меч од 21.коло, попладнево во Охрид, екипите на Пелистер и Ренова ремизираа играјќи 1:1. Ова беше 21 меч во серија во кој Пелистер не извојува победа, сепак и овој бод е голем како планина за тимот на Пелистер ако се знае дека пред дуелот битолчани беа тотални аутсајдери.
Да потсетиме дека натпреварот требаше да се игра вчера, но поради снегот истиот беше презакажан за денеска во Охрид.
Инаку мечот започна со очекувана иницијатива на Ренова. Во таа фаза Селмани имаше шанса за гол. Сепак, Пелистер дојде во водтсво и тоа со голот на Бобан Здравевски во 15.минута кога по една контра на битолчани прво киксираше Џелил Абдула, за да потоа Здравевски убаво си се намести и од нешто оддесно прецизно шутираше во мрежата на “гипсарите“.
И кога сите мислеа дека битолчани на пауза ќе одат со водство, младиот Албан Таипи во 45.минута со убав шут со глава го израмни резултатот, па така со тие 1:1 се замина на пауза.
Во вториот дел јасно беше дека Ренова ќе нападне со сите сили да дојде до победнички гол. Момците на стратегот Ќатип Османи ја диктираа игратам се редea акциите пред шеснаесетникот на битолчани кои пак од контри се обидуваа да дојдат до нов гол.
Па така на крајот, по истекот на 90.минути резултатот остана тој од првиот дел, 1:1.
Со овој меч се комплетира 21.коло од ПМФЛ.
ТАБЕЛА
Шкупи 51, Шкендија 41, А.Пандев 39, Македонија ЃП 36, Ренова 31, Брегалница 30, Струга ТЛ 30, Работнички 28, Скопје 21, Тиквеш 18, Борец 13, Пелистер 6.