Добри вести за нашиот национален тим. Аријан Адеми на време се опоравува од повредата која што ја заработи за време на гратското дерби против тимот на Локомотива, и според медиумите во Хрватска ќе биде во комбинација за големото дерби против Хајдук на 12 март во Сплит.
Ова значи само едно. Дека Адеми ќе биде во топ кондицијска форма за мечот против Италија кој го играме во Палермо на 24 март во рамките од баражот за пласман на Мундијалот во Катар 2022 година.
Вестите се одлични, се знае што значи Адеми за нас како национален тим и колку евентуално би недостасувал ако се знае дека сме веќе без Елиф Елмас односно Тихомир Костадинов поради жолти картони.