Германецот избега од Локомотив Москва поради војната во Украина

229

Тренерот на Локомотив Москва, Маркус Гиздол го напушти клубот и нема намера да се врати, објави „Билд“. Одлуката на 52-годишниот германски специјалист е последица на руската воена инвазија на Украина.

„За мене тренерската професија е најдобра во светот. Но, не можам да работам во земја чиј лидер започна војна во срцето на Европа. Тоа не соодветствува со моите вредности, па ја напуштив функцијата тренер на Локомотив. Не можам да бидам во Москва, да тренирам фудбалери и да барам професионализам кога на неколку километри се издаваат наредби кои можат да донесат големи страдања за цела нација. Ова е моја лична одлука и не се сомневам во неа“, изјави Маркус Гиздол, кој во Локомотив Москва остана само пет месеци.

ПретходноБарселона создава сопствена криптовалута
СледноМанчестер Ј. дефинитивно се откажа од Рангник: Бараме нов постојан менаџер!