Тимот на Пелистер зимава претрпе структурални и организациски промени, кои треба да се најава за подобри денови на прволигашот од Битола. Клубот кој е последнопласиран во ПМФЛ е со едната нога второлигаш, но водечките структури на ФК Пелистер во моментов на чело со спортскиот директор Ванчо Мицевски не мисли баш така.
„Мислам дека Пелистер во овие три пролетни кола покажа со своите игри дека заслужи да има реална шанса да се избори за опстанок. Мислам дека во моментов е е реална сликата Пелистер да има само шест бода на контото и да е речиси испаднат. Реално гледано ни беа потребни уште дваесетина дена подготовки, три пријателски средби и три играчи со сериозен квалитет за кој немавме време да ги ангажираме. Со тоа сум уверен дека опстанокот ќе беше реалност. Нема да му се дадеме на никого, ќе играме фајтерски, машки до крај, како во шампионатот така и во купот. Таму гледаме шанса за блесок, и третолигаши успевале во ова натпреварување. Она што во моментов можам да го ветам е тоа дека клубот ќе се организира максимално периодов, и дека ќе се базираме главно на играчите од нашата школа“ – изјави за Спортмедиа, спортскиот директор на Пелистер Ванчо Мицевски.