По речиси 11 години, Александар Петровиќ повторно го поведе тимот од Аеродром. Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром повторно е предводен од некогашниот свој стратег, кој се врати во „Јане Сандански“ како замена за Дарко Радуловиќ по завршувањето на годинешното издание на Купот на Македонија.
Петровиќ денеска веќе го имаше и првиот тренинг со својот нов тим.