Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски го постигна вториот гол за Трнава на дуелот со Кошице и победата од 2:1 во гости со што „црвено-црните“ се пласираа во четвртфиналето на словачкиот Куп.
Инаку Трнава поведе со голот на Шкртел во 50. минута, неколку минути подоцна домашните изедначија, а во 85. минута Ристовски ја затресе мрежата на Кошицe и донесе победа за својата екипа.Инаку ова е прв негов гол за Трнава по октомври 2021 година кога стрелаше против екипата на Микулас во словачкото првенство. Тоа е седми гол во дресот на Трнава сезонава вклучувајќи ги натпреварите од Купот.