Украинскиот бек со остри зборови за капитенот на Русија: „Ќе скапеш во зандана до крајот на животот“

867

Украинскиот фудбалер на Евертон Виталј Миколенко на социјалните мрежи ги изнесува своите ставови околу руската инвазија на Украина. Миколенко го прозва капитенот на рускиот национален тим Артем Ѕјуба кој игра во Зенит.

Додека и понатаму молчиш како ку***н заедно со твоите посрани соиграчи, во Украина страдаат обични луѓе. Ќе бидеш заклучен во зандана до крајот на животот и што е најважно, до крајот на животот на твоите деца. И мило ми е поради тоа“, напишал Миколенко на социјалните мрежи.

Миколенко смета дека Ѕјуба како еден од најдобрите руски фудбалери и како капитен на репрезентацијата треба да излезе и јавно да повика на мир.

ПретходноБабиќ: Одбраната на Татабања беше перфектна, најдобра оваа сезона!
СледноКристенсен во Барселона – тоа е 99% завршена работа