Френк Кеси дефинитивно е новата трансфер цел на тимот на Барселона. Тоа веќе е потврдено од неколку извори, а медиумите во Каталонија веќе наголемо зборуваат и за директен контакт на тренерот на Барса, Чави со играчот за врска на Милан.
Тој на лето е слободен, и за него се заинтересирани многу клубови. Па така, во обид да стигне до неговиот потпис, Барселона му нуди на Кеси, 6.5 милиони евра годишна плата, што е секако сериозно зголемување од она што во моментов го има во Милано.
Кеси е типичен играч за врска кој и е потребен на Барселона во обидот сериозно да се реконструира, затоа што Бускец веќе е ветеран и не може да одговори на она што во моментов бара модерниот фудбал.