Милан и Интер отвораат ново поглавје во градската фудбалска историја откако вечерва ќе ги вкрстат копјата во првиот полуфинален меч од италијанскиот куп. „Росонерите“ и “Нероаѕурите“ секогаш имаат да и понудат на публиката повеќе од обичен фудбалски меч, а првото полуфинале во Купот на Италија е уште поспецијално.
Причината лежи во моменталната ситуација, откако миланските гигнати заедно со Наполи се во тесна битката за титулата. Наполи во недела ќе му гостува на Милан, по што ќе стане јасно каква е ситуацијата меѓу конкурентите. Милан има предност во однос на градскиот ривал Интер, кој пак во однос на наполитанците, кои пак ги победија „росонерите“ на Меаца.
Милан на денешниот дуел влегува со две последователни ремија, додека Интер е без победа на последните 4 натпревари (0-2-2), од кои на три не постигна ниту гол. Ова го прави денешниот натпревар особено значаен, особено што реваншот е дури на 20 април. Успехот вечерва, како и севкупниот во полуфиналето ќе му дадат на победникот неисцрпен психолошки допинг. Националниот трофеј во Италија по вредност е неспоредлив со титулата, но е една сатисфакција плус за успешна сезона.
Милан се чини дека е во подобра позиција, бидејќи притисокот врз тимот не е толку силен. Стефано Пиоли може да си дозволи дури и повнимателна тактика, бидејќи на противникот едноставно не му преостанува ништо друго освен да ризикува да ја сврти ситуацијата во своја полза. Огромното мнозинство стручњаци продолжуваат да ги сметаат „нероаѕурите“ за главни фаворити за титулата, но тоа не им помага на момците на Симоне Инзаги.
📸 #Gazzetta: Probable XI Milan 🆚 Inter pic.twitter.com/VNHIjBPKlS
— Milan Posts (@MilanPosts) March 1, 2022
Во Милан единствен проблем е суспензијата на Сандро Тонали. Во оваа ситуација неговото место покрај Франк Каси ќе го заземе Исмаел Бенасер. Пиоли има двоумење за десно крило во нападот меѓу Алексис Салемакерс и Жуниор Месијас. Браим Дијаз е алтернатива за Оливие Жиру, а во игра е и Раде Круниќ.
Добрата вест во Интер е поврзана со Робин Госенс и Хоакин Кореа, кои се приклучија во тимот. Интер ќе се обиде во ова полуфинале да го скрши 10-годишното проклетство, во кое тимот беше елиминиран во полуфиналето 4 пати.