Евертон доби официјално извинување за недосудениот пенал, но бодовите отидоа кај „граѓаните“

237

Првиот човек на судиите во Англија, Мајк Рајли, лично му се извини на Френк Лампард, откако на Евертон не му беше досуден очигледен пенал на мечот со Манчестер Сити во саботата.

57-годишниот главен судија контактирал со Лампард и со претседателот на Евертон, Бил Кенрајт, за да им се извини за одлуката на судијата Пол Тирни и ВАР судијата Крис Кавана. И покрај долгиот преглед во кој од различни агли се виде дека Родри од Манчестер Сити ја собра топката со рака, судиите решија дека немало пенал.

Снимката покажа дека Родри ја користи надлактицата за да ја амортизира топката што отскокнува во шеснаесетникот на Евертон. Тоа се случи неколку моменти откако Фил Фоден му донесе водство на Сити во 82. минута на „Гудисон Парк“.

Евертон во понеделникот поднесе официјална жалба до Премиер лигата.

ПретходноВечерва нова градска пресметка: Миланска битка за куп-финале
СледноПо директива од државниот врв: Ригоберт Сонг е нов селектор на Камерун