Избега од војната во Украина, па дебитираше на ВТА турнирот на 15 години

289

Ивана Јастремска има само 15 години, но изминатите денови доживеа вистински хорор во својата земја, која е под руска инвазија. Оваа млада украинска тенисерка, заедно со нејзината сестра Дајана Јастремска (21), која е многу попозната во светот на тенисот во петокот, заедно ја напуштија Украина. Двете накратко останаа во Романија, а потоа пристигнаа во Франција.

Ивана вчера дебитираше на ВТА турнирот во Лион. Таа играше со својата сестра во двојки, а беше поразена од Џорџина Гарси-Перез и Ксени Нол со 6:2, 6:4.

Сестрите на теренот влегоа со украинско знаме, со жолто-сина опрема. Двете претходно учествуваа во демонстрациите во Лион во понеделникот наутро, неколку часа пред натпреварот, организирани против руската инвазија на Украина.

Како што самите откриваат се криеле во подземјето на Киев додека траеле нападите од Русија, двете успеала да ја напуштат својата земја, додека нивните родители останале.

ПретходноПостигна рекорд и заби против еден од највисоките играчи во НБА-лига (ВИДЕО)
СледноЕ.Пелистер кај Татабања во „лов“ по нови бодови, чека кикс на Ним за превземање на врвот!