Кикс на Е.Пелистер, со пораз се враќа од гостувањето кај Татабања

149

Е.Пелистер пропушти шанса да влезе во трка за првото место на табелата, од гостувањето кај Татабања се враќа со пораз од 25-21 во рамките осмото коло во Европската лига. Битолчани одиграа под нивото.

И на оваа средба Жељко Бабиќ го немаше на располагање целиот состав, во Битола останаа Табоада, Велковски и Обрадовиќ. Во последното коло од групната фаза македонскиот вицепрвак игра против АЕК Атина на домашен терен.

Марко Кизиќ со осум одбрани и Стипе Манадалиниќ со 10 гола од 14 обиди беа најдобри кај македонскиот состав, на другата страна Сунајко имаше осум гола, Ѓери еден помалку.

Унгарскиот тим се покажа во едно поинакво светло за разлика од Битола, поранешниот македонски селектор, Драган Ѓукиќ добро го имаше подготвено дуелот. Поведе со 3-1 и 4-2, благодарение на расположениот Матијас Ѓери. Битолчани преку Мандалиниќ и Периќ израмнија на 4-4, Радовиќ не искористи шанса за прво водство.

Татабања држеше чекор, поведе со нови плус два (8-6), овој пат во 18. минута, по два нереализирани напади на Е. Пелистер. Мандалиниќ беше главен мотор, со неговите три гола и одбрана на Кизиќ (влезе на местото на Секељи), македонскиот тим во 23. минута за првпат поведе, беше 8-9, а потоа и со 9-10. Татабања искористи две грешки, ја врати минималната позитива 11-10, сепак битолчани преку Маџовски на одморот израмнија на 11-11.


Граџан со првите два гола на средба донесе, за првпат плус два (11-13) во 33. минута. Домаќинот не падна, за минита и пол направи серија од 3-1 за 14-13. Долго време се играше гол за гол, со тоа што Татабања одржуваше минимална позитива од еден гол (пропушти две шанси за повече), 18-17 беше на средината на второто полувреме. На голема среќа Кизиќ беше на ниво на задачата.

Мандалиниќ на кратко успеа да ја прекине агонијата во редовите на битолчани, кои делуваа споро на теренот, надвор од ритам, па противникот користеше, во 22. минута имаше позитива од два гола (20-18), Кизиќ не дозволи негатива од три гола.

Радовиќ се разбуди на оваа средба, но на другата страна Сунајко и Ѓери го држеа својот тим. Во 57. минута, Татабања за првпат на мечот со поведе со плус три (23-20), Бабиќ повика тајм-аут, проба со „седум на шест’ да направи пресврт, не успеа голманот на домаќинот Вишомирски беше на ниво на задачата. Немаше време за пресврт, битолчани го запишаа третиот пораз.

ПретходноАшковски погоди во триумфот на Сепси (ВИДЕО)
СледноМицевски: Пелистер заслужи фер битка за опстанок до самиот крај