Клоп: Четири трофеjи? Ниту Сити не успеа да го постигне тоа

207

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп не сака да зборува за можноста неговиот тим да освои четири трофеи оваа сезона. Тимот веќе го крена Лига купот, се бори за титулата во Премиер лигата, е на чекор од четврт-финалето во Лигата на шампионите, а во четвртфиналето на ФА Купот.

„Нема тим во историјата на англискиот фудбал што стигнал до четворка, нели ?! Ниту Манчестер Сити со тимот кој го има неколку години не успеа во тоа. Ова покажува колку е тешко такво нешто. Не мора ни да размислуваме за такви луди работи“. Ако луѓето сè уште мислат дека имаме шанса, тоа може да биде комплимент за нас, но јас не мислам така. До крајот на мај ќе се соочиме со навистина силни ривали. Реалноста е дека за да освоите нешто, треба да се фокусирате само на следниот чекор, а не на оној после него. Тоа е она што го правиме“, додаде Клоп.

ПретходноБарселона му нуди 6.5 милиони евра по сезона на Кеси
СледноАдеми игра против Хајдук но и против Италија