Кристенсен во Барселона – тоа е 99% завршена работа

260

Данскиот централен бек Андреас Кристенсен ќе се пресели во Барселона во текот на летниот преоден рок. Фудбалерот има договор со Челзи го крајот на актуелната сезона, а според спортскиот новинар Жерар Ромеро, шансите данскиот репрезентативец да го облече дресот на Барселона за идната сезона се 99%.

Се работи за спортски новинар кој е добро го познава трансферниот пазар и редовно за јавноста открива кои клубови за кои фудбалери се заинтересирани и кои фудбалери имаат најголеми шанси да направат трансфери пред се во шпанските клубови.

Кристенсен одигра 14 премиерлигашки натпревари оваа сезона. Од 2013 година е во Челзи, а две сезони играше како позајмен во Борусија Менхенгладбах. Инаку тој беше прекомандуван во првиот тим на Челзи од младинскиот тим, а пред да дојде во Лондон настапуваше и за младинските екипи на Брондби.

За Данска има одиграно 54 натпревари.

ПретходноУкраинскиот бек со остри зборови за капитенот на Русија: „Ќе скапеш во зандана до крајот на животот“
СледноИТФ ги суспендира Русија и Белорусија, но им дозволи на нивните тенисери да играат турнири