Лејкерс го избркаа ДеАндре Џордан, донесоа замена од Хјустон

280

Како што пишуваат повеќето американски медиуми, Лос Анџелес Лејкерс се ослободуваат од центарот ДеАндре Џордан, а како засилување до крајот на сезоната го доведуваат ДЈ Аугустин од Хјустон.

На почетокот на оваа сезона, клубот од Лос Анџелес го доведе 33-годишниот Џордан, кој за Лејкерси во просек имаше 4,1 поен и 5,4 скока во 32 настапи. Џордан дури и не играше во последно време, па Лејкерси решија да го отпуштат и наместо тоа да доведат резерва за Расел Вестбрук.

Станува збор за една година постариот, 34-годишниот ДЈ Аугустин, кој оваа сезона во дресот на многу слабиот Хјустон до почетокот на февруари постигна 5,4 поени и 2,2 асистенции по натпревар.

ДеАндре Џордан не би требало долго да биде надвор од теренитет, бидејќи веќе се јавија од Филаделфија, која бара сигурна замена за нивната прва ѕвезда Џоел Ембид.

ПретходноДарко Радуловиќ е нов тренер на Башкими
СледноБорче Христов: Тимот покажа победнички карактер на „Автокоманда“