Спортскиот директор на Манчестер Јунајтед, Џон Мартоу, јасно стави до знаење дека клубот не планира да го задржи Ралф Рангник како менаџер и следната сезона. Мартоу потенцираше дека клубот е во потрага по нов постојан менаџер кој ќе го преземе Манчестер Јунајтед во јуни.
Таков беше и првичниот договор со Германецот, поточно дека тој ќе ја води екипата само до лето, по што ќе остане на Олд Трафорд како консултант. Сепак, имаше гласини дека Рангник може да биде назначен за постојан менаџер, што очигледно нема да се случи.
„Во моментов сме во процес на наоѓање и назначување на нов постојан менаџер кој ќе го преземе тимот од летото“, изјави Мартоу за Манчестер Ивнинг Њуз.
„Неговата цел ќе биде повторно да не натера да се бориме за трофеи на домашна и меѓународна сцена“, додаде првиот човек на „црвените ѓаволи“.
Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино и тренерот на Ајакс, Ерик тен Хаг се фаворити за оваа функција.